Алексанадар Димовски – Димса на синоќа извојува победа над Кристоф Нади од Унгарија со одлука на судииите на Фајт најт во Кросхал во Базел, Швајцарија.
„Тешка борба со многу потежок и многу издржлив противник кој има континуитет на натпревари во профи рингот. Влегов нервозно, но се средив и продолжив во мој стил, со тактика чекајќи повеќе шанси од контри, бидејќи бев подолг и повисок. Тоа и успеав да го искористам. Мидл кикот со втората нога работеше и повеќе пати ја погоди целта. Имаше и еден удар кој небеше доволен за нокаут. Се на се, добро враќање во рингот и прекрасен прием од тукашните луѓе. Бев како домашен борец“, изјави Димовски за Ipon.mk.
По победата на својата ФБ страница Димса напиша:
„Дечки не знам од кај да почнам, на кој прв да му се заблагодарам за огромната поддршка што ја имав изминативе денови. Прво, фала на сите дома што ме испративте со еден куп позитивни пораки и енергија! Второ, фала на организаторите (Валдет Бајрами) за прекрасниот прием и тоа што ме прифатија како нивни борец! Фала од срце! Фала на мојот брат Урим Саити, што ме донесе тука ,а неговите луѓе ме прифатија како нивни, без грам колебање.
Нема да набројувам луѓе по име и презиме, затоа што ги има премногу и не сакам никого да заборавам.
Фамилијо моја, поширока, фала ви, ве сакаам за безрезервната подрска!
Наташа Димовска,Натаниел Димовски, Марија Димовска ве сакам!
КБК Енергџи си идам за брзо. Немој да мислите дека сега ќе олабавит. Одиме уште појако“!
https://www.facebook.com/dimsa.dimovski/videos/10211626381795303/
.
.