Александар Димовски – Димса: Очекувам победа, и ништо друго!

Алексанадар Димовски – Димса на 24 февруари ќе се бори против Кристоф Нади од Унгарија на Фајт најт во Кросхал во Базел, Швајцарија, што е негов прв професионален меч во оваа година.

Можеби помлаку и неочекувано дојде до овој меч, бидејќи подолг период, ако може така да се каже, Димовски е без профи настап.

„До мечот дојде спонтано, пеку Урим Саити. Инаку не сум многу долго надвор од профи рингот.

Лани  во април се борев во реванш мечот против Мирослав Вујовиќ, така да 10 месеци не се така долг период“, вели битолскиот шампион Димовски.

За очекувањата во мечот со Кристоф Нади, за кого ништо не знае, Димса е оптимист.

„Очекувам победа, и ништо друго“!

Подоготвките и спаринзите со Урим Саити од Кичево кој исто така ќе настапи на овој настан, се од посебно значење за нашите кикбоксери.

„Со Урим соработвам веќе некое време и доста добро се сложуваме, а спаринзите добро ни дојдоа и на двајцата“.

Секако ова ја исфрла на површина дилемата дали ова значи свртување кон профи борбите, бидејќи Александар не настапи на Државното кик бокс првенство.

„На Државното првенство повеќе не планирам да настапувам. Млади момчиња од мојот клуб (КБК Енерџи) ќе ме заменат“.

Минатата година Димса настапи за БК Пинк Пантер во Регионалната бокс лига, прашање е дали и оваа година може да очекуваме настапи во бокс рингот.

„Исто така и боксот го оставам настрана“.

Пред неколку дена Димовски го доби признанието „Спортист на Битола за 2017 година“, за кое се чини дека помлаку беше и изненаден.

„Спортист на Битола бесе пријатно изненадување, затоа што, искрено, не го очекував и не се пријавувам на тие манифестации, така што поради ова и бев изненаден. Инаку, најдобар е филингот да се добие такво признание,  и од спортските работници и од сите кои ме познаваат, пред се заради младите кои ги водам и гледаат пример од мене. Оваа година ќе се посветам само на профи кикбоксот“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON