Александар Ацевски: Некому му требаат години за тоа што го направив во 2015 година!

Aleksandar Acevski so Turcin

Претседателот на Македонската џиу џица федерација, Александар Ацевски, кој воедно е и тренер на Дан кју од Скопје, направи пресек на изминатата година на македонското џиу џицу.

ucesnicite vo jadranskata liga

„После шест години борба, напор и настојување успеав Македонската џиу џица федерација да ја внесам како рамноправен член во Светската џиу џица Федерација. Учествував свои натпреварувачи на 11 турнири и на 8 Државни првенства. Освоив 21 златен медал, 15 сребрени и 18 бронзени. Го организирав турнирот „Скопје опен 2015“, најголем турнир во Скопје и пошироко, односно учествуваа 189 борци од 9 држави, а сето тоа беше направено на три борилишта, имаше 15 судии, детски хор, две медицинси екипи, обезбедување, озвучување. И по шести пат турнирот „Скопје опен“ влезе во календарот на Европската федерација за 2016 година“, наведува Ацевски.

torta dan kju 15 godini
Понатаму во своето резиме истакнува дека неговиот клуб Дан кју учествувал на Државното првенство во Штип со дваесетина натпреварувачи и дека го организирал и го водел бесплатниот летен камп – „Одбрана од нож „Охрид 2015“, на кој присуствувале 20 членови и 5 родители. Одржал околу 15 семинари во клубовите и тоа сите бесплатно. Се посчуваат двата семинари „Одбрана од нож и самоодбрана за жени во соработка со Аеробик клубот Миксаеробик.
Ацевски нагласува дека минатата година славел 15 години од постоењето на Дан кју, но и дека организирал две полагања за повисоки појаси во јуни идекември, на кои со повисоки појаси се стекнале 28 члена, клубот добил и носител на мајсторски појас- црн појас 1 дан.

Dan kju alkesinac 15

„Во Турција одржав тродневен семинар за 40 мајстори. Таму, заедно со мојот колега, одржав еден судиски семинар. Добив сертификат од Светската будо федерација. Ми беше доделен 5 дан – катсуџицу“, истакнува Ацевски.

Dan kju 15 godini
Тој нагласува дека двајца натпреварувачи од неговиот клуб биле дел од екипата што се бореше во „Јадранската џиу џица лига“, каде штопоминале три кола.
„Тоа што некој сонува да го постигне за неколку години, јас го направив само во 2015 година. Во 2016 година ќе биде пеколна, ќе газам посилно и појако“, тврди Ацевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON