Спортски директор на Македонската џиу џицу федерација Александар Ацевски оствари работен состанок со претседателот на Европската џиу џицу федерација Роберт Перц.
„На Меѓународниот турнир во „Словенија опен“ во Марибор прилика да се сретнам со господинот Роберт Перц и да разговарам на повеќе теми. Го информирав дека од неодамна имаме Министерство за спорт и го поканив на работен состанок со нашиот министер Борко Ристовски. Истакнав сега имаме полна поддршка од Министерството за спорт и дека сме подготвени да земеме организација за некое големо натпреварување, како што е Европско или Балканско првенство. Добив уверување дека лично ќе разговара со членовите на бордот на Европската федерација и дека е возможно тоа да се случи во 2026/2027 година. Разговаравме за „Јадранската џиу џица лига” која од овој тип е единствена во светот и за можноста за нејзино проширување”, истакна Ацевски кој на овој турнир доби Плакета за заслуги.