Алекса Грасо со ремито против Валентина Шевченко ја одбрани титулата

Во главната борба на настанот УФЦ Фајт најт 227 кој се одржа во Т-Мобиле арената, Алекса Грасо од Мексико го одбрани шампионскиот појас во мува категорија во многу тесен меч против Валентина Шевченко.

По пет возбудливи рунди судиите го прогласија дуелот за нерешен (48-47, 47-48, 47-47), што беше доволно за Алекса за првпат да ја одбрани титулата во реваншот против Валентина.

Имено, мексиканската борачка во март ја совлада Киргистанката со завршница (лице/ фејс гушење) во четвртата рунда и и ја одзеде титулата која ја држеше повеќе од четири години.

Неизвесно беше и во конасловната борба каде Џек Дела Мадалена со поделена одлука го победи Кевин Холанд.

Австралиецот со одлична тактика стигна до 16 победи во низа и шеста во УФЦ, додека Холанд го претрпе третиот пораз во последните пет натпревари.

Младата мексиканска ѕвезда Раул Росас Јуниор се врати во октагонот на фантастичен начин и со прекин во првата минута го победи Американецот Теренс Мичел.

На Росас ова му беше втора победа во третиот настап во УФЦ, откако загуби од Кристијан Родригез претходно оваа година.

Резултатот од настанот УФЦ Фајт најт 227:

Алекса Грасо – Валентина Шевченко – нерешено (48-47, 47-48, 47-47)
Џек Дела Мадалена – Кевин Холанд – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Раул Росас Јуниор – Теренс Мичел – ТКО (удари), Р1 (0:54)
Даниел Зелхубер – Христос Гијагос – завршница (анаконда давење), Р2 (3:26)
Кајл Нелсон – Фернандо Падиља – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)

Воведни борби:
Лупита Годинез – Елиза Рид – завршница (давење од позади), Р2 (3:37)
Роман Копилов – Џош Фремд – КО (удар во телото), Р2 (4:44)
Едгар Шаирез – Даниел Ласерда – без одлука (предвремен прекин), Р1 (3:47)
Трејси Кортез – Јасмин Јасудавичиус – едногласна одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Чарли Кембел – Алекс Рејес – ТКО (удари), Р1 (3:38)
Џозефин Линдгрен Кнутсон – Марник Ман – едногласна одлука (30–24, 30–25, 30–27).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON