2024 година беше најуспешната година во кариерата на бразилската ѕвезда Алекс Переира. Годината беше успешна не само од аспект на спортски достигнувања, туку и од финансиски аспект.
На УФЦ 300 тој ја одбрани титулата во полутешка категорија против Џамал Хил. Неговата плата? Чисти 1,2 милиони долари. Додадете 1,6 милиони долари приход од ППГ, 100.000 долари во бонуси и 42.000 долари приход од спонзорство, и ќе достигнете речиси 3 милиони долари. И тоа беше само почеток.
Кога Конор Мек Грегор мораше да се повлече од УФЦ 303, влезе Переира. Го победи Јиржи Прохаска и собра рекордна сума – 3.592.000 долари. Неговиот последен голем настап оваа година беше против Халил Раунтри. Иако и овде победи, неговата плата беше нешто помала и изнесуваше 2.992.000 долари. Така Переира заработи скоро 10 милиони долари од 3 борби.
Тоа се пари кои никогаш не би ги видел во Глори или во која било друга лига. Но, годината не беше само финансиски успешна за Переира. Џон Џонс исто така може да се пофали со голем успех. „Коски“ во ноември го нокаутира Стипе Миочиќ и однесе дома нешто повеќе од 6 милиони долари.
Место меѓу најплатените во УФЦ за 2024 година наоѓа и Шон О’Мели. Шон донесе околу 2 милиони долари од победата над Марлон Вера. „Шеќер“ ја загуби титулата од Мераб Двалишвили во септември, но однесе 3,5 милиони долари. Така, заработи 5,5 милиони долари за неговите 2 борби во 2024 година.
Треба да се спомене и Илија Топурија. „Матадорот“ на почетокот на годината го победи Александар Волкановски и стана шампион во перо категорија. Таа борба му донесе скромни 482.000 долари.
Со плата од 1,5 милиони долари, бонус за победа и заработка од ППГ, тој заработи речиси 4 милиони долари. Не е лошо за борец кој беше релативно непознат една година порано.