Алекс Переира не се плаши од борбата на партер на Магомед Анкалаев.
Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Переира (10-2 ММА, 7-1 УФЦ) планира летен камбек.
„Не сум личност која бирала имиња. Не сум човек да бирам борби“, изјави Переира за Спортснет. „Ќе се борам со кого сака УФЦ, но името што е на маса во моментов е Јиржи Прохаска. Се уште сме во преговори. Би сакал да се борам околу август, но сè уште ништо конкретно“.
Анкалаев е непоразен во последните 12 борби, а последниот што го нокаутира е Џони Вокер во јануари.
„Сите зборуваат за Анкалаев, зборуваат за неговиот граплинг, но мојот не го знаат“, рече Переира.