Алекс Переира сака да се бори со Александар Усик

Алекс Переира сонува за боксерско деби и сака неговата прва борба да биде против Александар Усик.

Во моментов ваквата борба изгледа невозможна, бидејќи Переира е под договор со УФЦ. Дана Вајт и неговите луѓе ги држат борците подалеку и не им дозволуваат да се борат во други спортови. Исклучок беше направен пред неколку години за Конор Мек Грегор, кој дебитираше во бокс против Флојд Мејведер. Тогаш УФЦ ја дозволи оваа борба, но зеде голем процент од парите на Ирецот.

Сега Переира сака да тргне по тој пат и се насочува кон Усик, кој ги освои неприкосновените титули во тешка и полутешка категорија.

„Јас сум шампион, па би сакал да се борам против шампионот. Александар Усик е борбата што ја сакам во боксот. Се чувствувам како да можам навистина добро. Луѓето зборуваат за боксот, а боксот е една од моите најсилни вештини“, рече Переира во поткастот на Квинтон Џексон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО