Алекс Переира е на само неколку недели од неговиот најтежок тест во УФЦ.
На 8 март „Поатан“ повторно ќе влезе во октагонот по четврти пат да ја брани шампионската титула во полутешка категорија. Но, за разлика од неговите претходни противници – Џамахал Хил, Јиржи Проhаска и Hалил Раунтри – Переира ќе се соочи со борец кој поседува и нокаут моќ и борби од светска класа.
Магомед Анкалев, претендент за првото место во дивизијата, го заслужи своето место на главниот настан на УФЦ 313 со неговиот импресивен УФЦ скор 11-1-1 и серијата без пораз која датира од септември 2018 година. Тој е и човекот за кој многумина веруваат дека е клучот за поразување на „Поатан“ и ставање крај на доминантното владеење на бразилското чудовиште во полутешка категорија.
Се чини дека оваа листа на луѓе го вклучува и Мајкл Биспинг, член на Куќата на славните на УФЦ, кој сугерираше дека Переира презема огромен ризик борејќи се со Анкалаев.
„ДК мисли дека ова е лоша идеја. Имам теорија зошто го вели ова“, рече Биспинг на својот канал на Јутјуб. „Вистината е дека Алекс Переира лета на другиот крај на светот само неколку недели пред борбата за титулата против Магомед Анкалаев, човек за кој многумина веруваат дека е неговата најтешка борба во дивизијата, е ризичен потег. И веројатно се согласувам.
Даниел Кормиер истакна дека штом одите во Австралија, мора да се справите со џет-лаг, различна храна и нарушен тренинг режим. Сите овие грижи се валидни. Во исто време, цело време додека Переира го прави ова, Магомед Анкалаев тренира. Затоа што ако Переира го победи, ќе си го зацементира сопствениот легендарен статус. Но, секој момент поминат стоејќи со Шон Стрикленд и работејќи со медиумите, тој не ја подобрува својата борба, не работи на одбраната за соборување, а тоа може да биде проблем“.
Треба да се итакне дека УФЦ 313 се одржува во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, но претходно Алекс Переира викендов ќе отпатува за Австралија за да биде во аголот на Шон Стрикленд, кој во реванш ќе се бори за титулата во средна категорија против шампионот Дрикус ду Плесис.