Бразилскиот борец 34-годишниот Алекс Переира викендов ќе дебитира во најсилната светска ММА организација. Еден од најдобрите кик боксери во светот ќе настапи на УФЦ 268 во Њујорк против Гркот, роден во Казахстан, Андреас Михаилидис.
Неговото доаѓање на промоцијата беше проследено со голем интерес, бидејќи тој двапати го победи актуелниот шампион во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања во текот на неговата кик бокс кариера.
За прв пат славеше во 2016 година со едногласна одлука на судиите, а една година подоцна го победи Изи со нокаут во третата рунда.
Во пресрет на дебито го откри планот.
„Не дојдов во УФЦ поради Адесања, но сакам да го освојам шампионскиот појас. Но, кој знае? Можеби кога ќе стигнам до борбата за титулата тој повеќе нема да биде шампион. Не се брзам, само што пристигнав, но си поставив цел. Сакам да се борам за титулата и ќе биде во ред ако Адесања и понатаму биде шампион“, изјави Алекс Переира.