Алекс Переира порача: Сиднеј, се гледаме наскоро! (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА организација веќе најави голем број големи спортски настани во новата година, а еден ќе се одржи на 9 февруари во Австралија.

Имено, во Квадос бенк арена во Сиднеј ќе се одржи настанот УФЦ 312, за кој се објавени и одбраните на титулата – Диркус ду Плесис – Шон Стрикланд и Жанг Вејли – Татјана Суарез.

А деновиве и шампионот на УФЦ во полутешка категорија Алекс Переира го потврди своето доаѓање во Австралија, а на социјалните мрежи предизвика одредени шпекулации.

Бразилската ѕвезда е еден од најактивните борци на УФЦ кој минатата година три пари го одбрани шампионскиот појас, нокаутирајќи го во април Хил Џамахал, а потоа со прекини во октомври ги победи Јиржи Прохаска и Халил Рунтри Јуниор.

Во видео Поатан го најави своето доаѓање во Сиднеј на настанот УФЦ 213, па некои се надеваат дека ова е негово потенцијално враќање во октагонот, но ќе видиме.

„Австралија, среќна Нова година. Ми недостасуваш. Се надевам дека сите сте добро. Се гледаме во февруари, Чама! – порача Алекс Переира со порака: „Сиднеј, се гледаме наскоро“!

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО