Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Алекс Переира го имаше последниот меч во април кога во првата рунда го нокаутира Џамахал Хил и ја одбрани титулата.
Бразилецот два месеци подоцна повторно ќе се најде во октагонот, а втората одбрана на шампионскиот појас ќе ја има против чешкиот борец Јиржи Прохаска.
Тие двајца се бореа во ноември минатата година, кога во мечот за испразнетата титула подобар беше Алекс, кој победи со прекин во втората рунда.
Переира и Прохаска ќе го предводат настанот УФЦ 303 во Лас Вегас овој викенд, а шампионот во своето последно интервју објасни зошто ја прифатил борбата.
„Сакам такви можности и со задоволство ги прифаќам. Наскоро ќе наполнам 37 години и не знам уште колку ќе бидам активен. Ова е добра можност да се одржувате во форма. Секогаш тренирам, па можам да прифатам такви можности секогаш кога е потребно“, истакна Алекс Переира и додаде:
„Не знам дали ќе ја прифатев борбата да не беше Јиржи Прохаска. Нема врска што веќе се борев со него и победив, сепак требаше да се бориме наскоро. Едноставно не очекував таа можност да дојде толку брзо, двајцата ја чекавме таа борба“.