Алекс Переира: Ќе станам шампион во тешка категорија

Актуелниот носител на титулата во полутешка категорија на УФЦ (до 93 килограми), Бразилецот Алекс Переира, изјави дека е подготвен да се бори за шампионскиот појас во тешка категорија на УФЦ против секој противник. Нему не му е важно дали шампион е Џон Џонс или Том Аспинал.

„Поатан“ влезе во УФЦ на крајот на 2021 година и успеа да стане шампион во две различни категории. Има само 9 борби во УФЦ, но и покрај тоа стана еднa од најголемите фаци во лигата. Во последната борба кон крајот на минатиот месец Переира го нокаутира Јиржи Прохаска.

Тоа беше втора одбрана на титулата оваа година. Сега Алекс сака да оди во тешка категорија, но најверојатно ќе мора да се бори со Магомед Анкалаев. Сепак, Переира е занесен од идејата за трета титула и едвај чека да се обиде:

„Џон Џонс или Том Аспинал – не е важно кој е противникот. Посакувам само да стигнам до борбата. Ќе го освојам овој појас. Борбата во тешка категорија ќе биде одлична и ќе имам добар камп за неа. Ова ќе биде ажурирана верзија од мене“, рече Переира за Гив ми спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON