Поранешниот шампион на УФЦ во бантам категорија, Алџмејн Стерлинг, ја загуби титулата пред една година, откако беше совладан од Шон О’Мели со прекин во втората рунда.
Големиот пријател на Стерлинг, Мераб Двалишвили наскоро ќе има шанса да се бори за титулата против О’Мели. Суга ќе го брани појасот на 14 септември на настанот УФЦ 306 во Сфера арената во Лас Вегас.
Еден член на тимот на Двалишвили деновиве откри неколку детали од кампот, и како течат подготовките и тренинзите за натпреварот против О’Мели.
„Мераб ќе донесе неверојатна брзина во октагонот, тоа е едноставно феноменално. Помеѓу рунди се обидувам да им укажам на момците за вештините и триковите што ги користи О’Мели. Се обидував да најдам начин да го запрам Шон, бидејќи знам колку е добар“, изјави Алџмејн Стерлинг и додаде:
„О’Мели е надарен борец. Неговите вештини се добро усовршени и мораме некако да ги надминеме. Сакам Мераб добро да се подготви, а и момците околу него мора да знаат што го чека. Треба да се подготвите правилно и добро да разберете што сака да прави Шон. А ова го знам од прва рака, затоа давам мои совети.
Поранешниот шампион верува дека Двалишвили ќе биде на висина на задачата и ќе го победи О’Мели.
„Тој не е напаѓач кој сака да оди напред. О’Мели е најзагрозен во контранападот. Верувам дека Мераб ќе биде подготвен за предизвикот и затоа сум многу возбуден“, истакна Алџмејн Стерлинг и подвлече:
„Му кажав на Мераб дека многу добро се подготвува последните неколку недели и сега сите мораме да бидеме паметни. Не смееме да бидеме понесени од емоции. Сите треба максимално мирно да го чекаме натпреварот и тој ќе ги претвори своите соништа во реалност“.