Многумина веруваат дека спортистите кои земаат недозволени средства треба да бидат уште построго казнети.
Некои од нив, како и шампионот на УФЦ во бантам категорија, Алџамејн Стерлинг, отидоа уште подалеку, велејќи дека тие луѓе треба да бидат построго казнети.
„Многу ми пречи, треба да има затворски казни за сите што користат стероиди или слично. Не само во УФЦ, туку и во сите боречки вештини. Борецот може да влијае на кариерата на противникот или да му го загрози животот, тоа е контактен спорт“, изјави Аламејн Стерлинг и продолжи:
„Не е кошарка или бејзбол. Овде се среќаваме со работи кои можат да ви го променат животот секогаш кога ќе влезете во арената. И тогаш ќе се појават некои глупави луѓе кои ќе речат никој не ти става пиштол на глава и не те тера да го направиш тоа. Таквите луѓе не треба да се бранат, тие треба најстрого да се казнуваат“.