Алдо се заколна дека никогаш повеќе нема да заборува за Мек Грегор по УФЦ 194

aldo i mek gregor sopozadin vajt

На шампионот во перо категорија во УФЦ, Хозе Алдо, веќе му е преку глава да дискутира за Конор Мек Грегор и вети оти повеќе нема зборува за него по нивната средба на УФЦ 194.

Двајцата требаше да се сретнат на УФЦ 189, но Алдо заработи повреда во ребрата, што го принуди Мек Грегор да се бори со Чад Мендес. Мек Грегор успеа да го совлада Мендес, иако, воопшто, не беше убедлив во овој дуел.

Еве што изјави Алдо за медиумите.

„Враќањето мина добро и сега сум фокусиран на она што претстои. Веќе сè е минато, па гледам само напред и ја заборавив повредата и се останато. Целосно сум подготвен, играм фудбал и можам да тренирам. Да се ​​надеваме дека ништо лошо нема да се случи и да ставиме крај на оваа приказна.

Ми омрзна веќе, а по 12 декември ќе ја освојам титулата и повеќе нема да зборувам за него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON