Шампионот во перо категорија на УФЦ, Хозе Алдо и привремениот шампион, Конор Мек Грегор ќе се сретнат на 12 декември во Лас Вегас.
Настанот ќе се одржи во МГМ Гранд арената. Двајцата требаше да се сретнат на УФЦ 189, но Алдо се повлече од борбата поради повреда на ребрата.
Чад Мендес беше неговата замена, со две недели подготовки, како и што се очекуваше, беше поразен од Мек Грегор со нокаут во втората рунда.
Прашање е дали сега Алдо и Мек Грегор ќе предизвикаат толку голем интерес како за првата средба?