Промоторот Френк Ворен, кој ги застапува интересите на легендата Тајсон Фјури, објасни зошто Британецот не можел да се договори за меч со Украинецот Александар Усик. Во последните недели Фјури постојано велеше дека е подготвен да се бори со секого.
Тајсон сакаше да се соочи со Усик за да ги собере титулите во тешка категорија. Сепак, имаше голем проблем, бидејќи Џошуа има реванш клаузула со Усик и мораше да се согласи да се повлече од мечот за Усик да се бори со Фјури.
Сепак, тоа не се случи и Фјури во април ќе се бори со Дилиен Вајт за титулата на ВБЦ во тешка категорија. Ворен тврди дека Џошуа бил премногу алчен и сакал се повеќе пари за да се откаже од своето место.
„Не е важно, и не ми е гајле што рекол Еди Херн. Многу работи кажува и е дел од проблемот.Овој пат преговорите се одолговлекуваа.
Кога Џошуа побара дополнителни 5 милиони долари, Тајсон рече дека е доволно. Џошуа е премногу алчен. Тоа беше доволно. Тајсон е шампион и не му должи ништо на Ентони Џошуа.
Фјури и Усик сакаа да се пресметаат, но имавме двајца во средината. Едниот ја тужеше ВБЦ, а другиот бараше се повеќе пари“, рече Ворен.
Според различни извори, на Џошуа му биле понудени 15 милиони за да се откаже, но тој сакал 20 милиони.