Робин Красниќи (33) стана првиот шампион во бокс од Албанија. Инаку Робин е роден во Косово, a живее во Германија и има германско државјанство. Тој изненадувачки го нокаутира фаворитот Доминик Бозел на гала вечерта во Германија.
Красниќи ја освои титулата на ВБА во тешка категорија, откако во третата рунда го нокаутира Германецот, кој досега беше привремен носител на појасот.
Албанецот успеа да го разниша шампионот, а момент подоцна го нокаутира со брутално кроше.
https://twitter.com/arniisii/status/1315052144031133697?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1315052144031133697%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fboxing%2Falbaniya-ima-svetoven-shampion-po-boks-video%2F