Пред околу 10 години актерот Том Харди се прослави со улогата во филмот „Воин“. За да се подготви за тоа тренирал различни боречки вештини, а оттаму му се разгорела љубовта кон бразилското џиу-џицу, кое продолжува да го практикува до ден-денес.
Изминатиов викенд Харди се натпреваруваше на хуманитарен турнир во џиу-џицу каде освои два златни медали – во ги и но-ги.
Во еден од неговите мечеви против воениот ветеран Дени Еплтон, Харди за малку ќе ја скршеше раката на противникот.
Настанот беше организиран од REORG, организација која им помага на воените ветерани и одговорните за итни случаи да се справат со депресија и посттрауматско стресно нарушување, како и со физичка траума што го менува животот.
Во овој настан и снимката од него, можете да видите колку е посветен и опасен Харди на татамито:
Tom Hardy is an animal on the BJJ Mat. He’s had two fights, won both by armbar. pic.twitter.com/Ll6mCwU3NO
— Robbie (@RobbiePoirier10) August 20, 2022
https://www.youtube.com/watch?v=YcGzZVKkHps&feature=emb_title
Иако неговиот филм „Воин“ е стар повеќе од 10 години, многумина го сметаат за најдобриот ММА филм што некогаш е снимен. Ова не е првиот филм во кој Харди глумел опасен силеџија. Три години пред тоа, тој глуми во Бронсон, каде што го пресоздаде животот на еден од најопасните британски криминалци, Чарлс Салвадор. Ако не сте го гледале овој филм од 2008 година, ви го препорачуваме.