Веќе една година е присутна во Македонија WAKF/ ВКАФ – Светската апсолутна карате федерација чиј главен шеф-инструктор е сенсеи Зоран Пејов-5 дан, со титула ренши.Оваа асоцијација ги опфаќа реалните контакт техники и е еднаква на вистинска борба и елиминација на противникот. Се работат реални борбени техники, како против невооружен, така и против вооружен напаѓач. Се работи за реална и ефикасна самоодбрана.
Во склоп на АКФ Македонија годинава и во овие услови беше успешно одржан карате семинар под водство на сенсеи Пејов со извонредно учество и презентација на техниките на самоодбрана на големо воодушевување на присутните учесници.
„На крајот на годинава успешно се одржа и првото полагање на АКФ Македонија, при што, покрај кандидатите за ученички појаси, имаше и четири кандидати за шо дан (црн појас 1 дан) Бисера Анастасовска, Александра, Софија и Михаил Гацовски. Заслужено ги исполнија критериумите и успешно положија и се здобија со мајсторското звање (црн појас-1 дан)“, истакнува Пејов.
Тој за во иднина планира уште повеќе активности и поголема присутност на апсолутното карате до насекаде во Македонија и пошироко.
„Секогаш и секаде биди свој и остани на вистинската линија-Карате до“, порача сенсеи Пејов.
Ipon.mk