Ајк Ибеабучи се враќа во рингот по 17 годишно отстуство

Aibebuci

Еден од најпознатите злобни боксери во тешка категорија, Ајк Ибеабучи – Претседателот, се враќа во рингот во февруари. Тој ќе настапи и на силната галавечер во Лас Вегас на 9 април. Тогаш Мани Пакијао ќе се бори со Тимоти Бредли во нивната трета средба.

Со делата на Нигериецот се занимава советникот на Пакијао, Мајкл Конец.

„Неговиот прв противник ќе биде боксер од Топ 15 на светската ранг-листа . Мани лично инсистираше да се бори во загревачкиот меч на 9 април.

Ибеабучи во 2001година беше осуден на 20 години затвор по неколку обвиненија за сексуален напад, тепање, киднапирање и др. Тој беше предвремено ослободен во февруари минатата година, но до пред два месеци водеше битка со емиграционните служби, кои сакаа да го екстрадираат во Нигерија.

Ибеабучи (43 г.) има 20 победи (15 со нокаут). Ибеабучи е првиот човек ги победил Дејвид Туа и Крис Бирд.

https://youtu.be/RGeIBR8mPXo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON