АИБА се пофали со напредок во задржувањето на олимпискиот статус на боксот

Одлуките кои ќе бидат донесени на Конгресот на Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) во Москва, ќе му овозможат на спортот да остане во програмата на Олимписките игри. Ова го изјави актуелниот привремен претседател, Гафур Рахимов, за време на Конгресот на седиштето во рускиот главен град. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) веќе изрази загриженост за актуелната финансиска ситуација во организацијата и изјави дека присуството на боксот во програмата олимписките игри во Токио 2020 е доведен во прашање.

„Имам задоволство да ве информираме дека постигнавме значителен напредок по овие прашања. Со новите измени во Статутот ќе ги решиме проблемите кои беа проблематични за МОК, како резултат на изборите за раководни позиции во АИБА. Овие амандмани кои ќе бидат изгласани денеска, ќе создадат систем што му овозможува на избраниот претседател да ја напушти функцијата во одреден период, доколку е потребно“, рече Рахимов.

„Се согласивме со МОК дека до средината на ноември ќе поднесеме извештај со сите одлуки кои ќе бидат направени денес и утре. На овој начин ќе ги исполниме сите барања за учество на боксот во Олимписките игри во Токио, Париз, Лос Анџелес и други. Боксот и Олимписките игри се неразделни“, додаде Гафур Рахимов.

Конгресот на АИБА, на кој ќе биде избран за нов претседател на организацијата, ќе продолжи трае до 3 ноември.

Меѓународната боксерска асоцијација ги суспендираше Оман и Сан Марино од членство во централата заради неактивно учество на двете федерации во натпреварите и настаните на АИБА. Федерацијата на Кјурасао е примена за нов член на меѓународната федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON