Меѓународната боксерска асоцијација отстрани неименуван број судии во рингот и судии на масата од олимпискиот турнир во бокс во Рио де Жанеиро. АИБА ја донесе оваа одлука вчера, но одби да ги соопшти имињата на арбитрите. Причина за отстранување на нив е слабото судење за време на натпреварите.
Победата на Русинот Евгениј Тишченко против Казахстанецот Василиј Левит предизвика жестоко незадоволство против судењето во финалето во категоријата до 91 килограми во Рио де Жанеиро.
„Во многу малку од првите 239 натпревари имаше нормални судиски одлуки“, изјавија од АИБА.
Се очекува во наредните месеци да има промени на критериумите на судењето во боксот.