Меѓународната боксерска федерација (АИБА) не ги признава изборите за претседател на Руската боксерска федерација, кој се одржаа вчера во Москва, се вели во соопштението на АИБА за агенцијата ТАСС. Во принцип, изборите за претседател на рускиот бокс беа планирани за 1 февруари 2018 година, но некои делегати одлучија да ги направат сега, не е јасно од кои причини.
„Извештајот на Руската федерација во бокс кој ни е испратен од последното Генерално собрание, ги посочува наредните избори за 1 февруари 2018 година. Сите други самоиницијативи и настани од ваков карактер не одговараат на реалноста, рекол човек од АИБА.
Oтчетно-изборната конференција, која се одржа вчера во ресторанот „Олимпиец“ во руската престолнина, кој се наоѓа на територијата на Олимпискиот комитет на Русија, го избра Едвард Хусаинов за претседател. Актуелниот шеф на рускиот бокс, Борис Иванјуженков, кој би требало да ја напушти функцијата, објави дека изборот е нелегитимен и смета дека нема да биде признаен од никого.
Уште почудно е што во монетов во Санкт Петербург се наоѓа и претседателот на АИБА, Чин Кај, поради Светско првенство за младинци кое е во тек.
Самиот Хусаинов е поранешен претседател на рускиот бокс, а на ова импровизирано Собрание присуствувале 44 претставници од вкупно 83. Еден од делегатите, кој требало да дојде, првично се изгубил низ Москва, но, сепак, го нашол ресторанот и влегол во текот на седницата, пречекан со извици: Диаментенијат.