АИБА на 1 јуни решава за учеството на професионалците на Олимпијдата

Ring rakavici

Меѓународната боксерска федерација (АИБА) ќе одлучува за прием на професионалните боксери за учество на Олимписките игри на вонреден Конгрес на 1 јуни. Ова го објави за ТАСС претседателот на федерацијата Чинг-Куо Ву.

Токму ова прашање е и повод за свикување на вонредниот конгрес на организацијата, соопшти агенција Фокус.

Ву додаде дека повеќето национални федерации сакаат симнување на забраната за учество на професионалците на Олимпијада.

Според него, ако тоа се случи, Меѓународната федерација ќе добие можност да управува не само аматерскиот, туку и со професионалниот бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON