Поведен е случај пред надлежниот суд во Мајами против големата ѕвезда на боречките вештини Конор Мек Грегор. Имено, пред неколку дена, Мек Грегор му го зеде телефонот за обожавател кој се обиде да го снима.
„Озлогласениот“ го грабнал телефонот од рацете на Ахмед Абдирзак, а потоа тоа газел на земјата и си тргнал со него. Документите во окружниот суд на Мајами покажуваат дека 22-годишниот Ахмед Абдирзак во четвртокот поднел тужба за повеќе од 15.000 долари, обвинувајќи го 30-годишниот Коно Мек Грегор за напад и намерно предизвикување на емоционален стрес. Адвокатот на ѕвездата го нарече случајот брз начин за зарботување на лесни пари.
Conor McGregor Sued By Cell Phone Attack Victim for Assault and Battery https://t.co/T04u25WA4w
— TMZ (@TMZ) March 14, 2019
Конор Мек Грегор се соочува со две кривични дела – од кои едно носи казна од 15 години затвор, ако биде осуден.