Македонскиот репрезентативец Ахмад Магомедов ќе се бори за бронза против Арман Авагјан од Ерменија на Европското првенство за сениори во Загреб, Хрватска. Борбата е вечерва по 18 часот.
Магомедов во репасажот славеше со теничку туш над Габриел Рамос од Шпанија со 10-0.
Европскиот првак Владимир Егоров загуби од Французинот Арман Елојан при нерепен резултат 2-2.
Дејан Митров е поразен од Борис Макоев (Словачка) со 1-4, а Реџеп Хајдари – од Метју Фајнсилвер (Израел) со 0-5.
Расул Шапиев загуби 0-5 од Таимураз Салказанов од Словачка.
Засега не е извесно дали некој ќе добие шанса во репасажот оти борбите се во тек.
Европско првенство резултати:
Жени
50 кг Вероника Рјабоволова
53 кг Марија Спирковска
Мажи-слободен стил
61 кг Владимир Егоров – Арман Елојан (Франција) 2-2
74 кг Расул Шапиев – Таимураз Салказанов (Словачка) 0-5
86 кг Дејан Митров – Борис Макоев (Словачка) 1-4
92 кг Реџеп Хајдари – Метју Фајнсилвер (Израел) 0-5
79 кг Ахмад Магомедов – Станислав Новац (Молдавија) 8-0
79 кг Ахмад Магомедов – Георгиос Кугиумцидис (Грција) 3-5
Реапсаж
79 кг Ахмад Магомедов – Габриел Рамос (Шпанија) 10-0
За бронза
79 кг Ахмад Магомедов –Арман Авагјан (Ерменија)