Агит Кабајел едвај чека да се бори со Жилеј Жанг: Можеби е посилен, но јас имам подобри вештини

Непоразениот Агит Кабајел (25-0, 17 КО) повеќепати влегуваше во борби како аутсајдер и излегуваше како победник, како во 2017 година во борбата со Дерек Чисора, но и во мечевите против Арсланбек Махмудов и Франк Санчез.

Негов следен противник ќе биде Жилеј Жанг на 22 февруари на спектакл во Саудиска Арабија. Кинескиот борец припаѓа на друштвото на врвни тешкаши, а реномето го подигна со победа во последниот меч, кога во петтата рунда со прекин го совлада Дионтеј Вајлдер.

Кабајел знае дека размената на удари со Жанг би била рецепт за катастрофа, па затоа сака да прибегне кон друга тактика и да се обиде да ги искористи своите вештини.

„Тој е силен тип, но јас имам подобри вештини од него. Жанг можеби е посилен, но јас имам подобри вештини. Ќе го тестирам“, изјави Агит Кабајел.

Жанг доживеа неколку разочарувања во текот на кариерата, прво во 2021 година кога неговиот меч против Џери Форест заврши нерешено, а една година подоцна кога го претрпе првиот пораз во кариерата од Филип Хрговиќ.

Кинескиот тешкаша загуби од Новозеландецот Џозеф Паркер со мнозинска одлука во март минатата година, по што следеше триумф над Бронзениот бомбардер.

„Ја гледав секоја борба на Жанг, видов што му направи на Паркер. Знам да се борам со Жанг“, подвлече Агит Кабајел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО