Агентот на Конор Мек Грегор, Оди Атар, негираше дека неговиот клиент ќе се врати во октагонот оваа година.
Медиумите грмогласно највуваа дека Ирецот би можел да се бори на 30 декември против Тони Фергусон во Лас Вегас. Информацијата е лиферувана од страна на Мајк Мозли, претседател на Асоцијацијата на боксерските комисии. Тој рече дека нема да дозволи Мек Гергор да се бори откако ММА ѕвездата направи скандал изминатиов викенд, кога скокна да го тепа судијата Марк Годард.
„Зборовите на Мозли не се вистинити“, е коментарот на Атар за евентуалното враќање на Мек Грегор.
Конор моментално преговара за неговата иднина во УФЦ. Формално побара да биде партнер и да добие солиден процент од приходите за неговите натпревари.
.