Адил Мехемед е во финалето на Балканското првенство

Adil vo finale

Најмладиот каратист меѓу сениорите, Адил Мехмед, е во финалето на Балканското првенство во Истанбул.

adil akcija 1-2

Мехмед во полуфиналето во категоријата до 67 килограми го победи Менсур Џоџиќ од Босна и Херцеговина со 5-0. Пресудно беше аши мавашито откако водеше со 1-0, поведе со 4-0 и до крајот освои уште еден поен.

Во финалето ќе се сретне со Србинот Стефан Јоксиќ.

Adi radost so mirce

Претходно Адил извојува три победи и тоа против Богдан Абијану од Романија со 3-0, Омер Кемалоглу од Турција со 4-0 и Младен Рајлиќ од Словенија со 1-0.

Adil i Mirce

Мехмед досега покажа најмногу од нашите репрезентативци и ја прекина серијата на лоши резултати.

Димитар Иливески во оваа категорија имаше две победи и еден пораз. Ги победи Кристијан Корнеа од Романија и Александар Бараклијски од Бугарија со по 1-0, а загуби од Дино Поврзениќ од Хрватска со 2-1. Ненад Келебиќ е трагичар, бидејќи имаше добиена борба од 2-0 против Фуркан Каја -Турција, направи и четврта казна и беше дисквалификува, а беше меѓу фаворитите за медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON