Адесња го одбрани појасот, Туиваса со нокаут го скрши Луис

Израел Адесања ја одбрани титулата во средна категорија со победата против Роберт Витакер на УФЦ 271 во Хјустон.

Нигериецот по четврти пат со едногласна одлука на судиите (48-47, 48-47, 49-46) го одбрани појасот, кој го освои во октомври 2019 година токму против Роберт. За Изи тоа беше 11-та победа во средна категорија.

Коглавната борба меѓу Австралиецот Таи Туиваса и домашниот борец Дерик Луис, како што беше најавено, заврши многу пред крајот на последниот звук на сирената. Имено, Туиваса го совлада Американецот со нокаут во првата половина од втората рунда и со тоа стигна до петтата победа во низа.

Уште на почетокот на борбата беше јасно дека и двајцата со своите боксерски техники ќе се обидат да стигнат до триумф. Луис неколку пати се обиде да го собори Туиваса, но Бам Бам секој пат добро се бранеше. Во ист ритам влегоа и во продолжение, а потоа блесна лактот на Туиваса со кој го испрати противникот во нокаут. Австралиецот направи убедлив чекор кон врвот во тешка категорија.

Голема борба пружија Џаред Канониер и Дерек Брансон во квалификациската борба за следниот предизвикувач во средна категорија. Брансон одлично влезе во натпреварот и доминираше против Канониер, кој на крајот беше спасен од звукот на сирената. Но, Џаред се опорави и го сврте мечот.

Во втората рунда Брансон налета на лактот на Канониер во клинч до оградата и од тој момент почнаа проблемите. Почна да се тетерави низ октагонот, а Канониер го зграпчи и го собори на подот. Дуелот заврши со технички нокаут.

Канониер се опорави по поразот од Витакер и го врати загубениот статус како прв предизвикувач за шампионскиот појас со својата втора победа во низа.

Бразилецот Ренато Моикано го победи Алекс Хернандез со задушување (давење од позади) и со тоа стигна до третата победа во четвртата борба откако отиде во лесна категорија. Тоа беше негова втора победа во низа, а на Ернандез трет пораз во последните шест натпревари.

Моикано беше за нијанса подобар во првата рунда, а предноста ја заработи со уривање и контролирање на борбата на партер. Американецот непромислено влезе во продолжението, што го искористи бразилскиот борец и на средината од втората рунда со серија удари го собори противникот.

Откако го фати грбот на противникот, тој не ја стави раката под брадата на Ернандез, но притисокот беше доволен и Алекс беше принуден да го предаде дуелот.

По три боксерски рунди Американецот Боби Грин со едногласна одлука на судиите го совлада Насрат Хакпараст и на крајот убедливо славеше на картичките на судиите. За Грин тоа беше втор триумф во низа, додека авганистанско-германскиот борец повторно загуби по поразот од Ден Хукер.

На почетокот на првата рунда Грин стана рекордер по бројот на значајни удари во историјата на лесна категорија на УФЦ. Тој упати речиси три пати повеќе удари од противникот во првата рунда.

Ветеранот продолжи со истиот ритам и продолжи да го раскрвавува лицето. До крајот на борбата го собори и личниот рекорд по бројот на удари во глава.

Резултати од УФЦ 271:
Израел Адесања – Роберт Витакер – едногласна одлука (48–47,48–47,49–46)
Таи Туиваса – Дерик Луис – КО, Р2 (1:40)
Џаред Канониер – Дерек Брансон – КО, Р2 (4:29)
Ренато Моикано – Александар Хернандез – завр. (давење од позади)Р2 (1:23)
Боби Грин – Насрат Хакпараст – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Воведни борби:
Андреј Арловски – Џаред Вандера – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Кејси О’Нил – Роксана Модафери – едногласна одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Кајлер Филипс – Марсело Рохо – завр. (рачен триаголник), Р3 (1:48)
Карлос Улберг – Фабио Шерант – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Рони Лоренс – Леомана Мартинез – едногласна одлука (29-27, 29-27, 29-28)
Џејкоб Малкун – А.Ј. Добсон – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Даглас Силва де Андраде – Сергеј Морозов – тех. завр. (давење од позади)Р2
Џеремаја Велс – Мајк Матета – тех.завр (давење од позади),Р1 (4:38)
Максим Гришин – Вилијам Најт – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON