Адесања: Нема да заминам!

Израел Адесања (24-4) можеби го претрпе четвртиот пораз во кариерата во УФЦ во обид да му ја одземе титулата во средна категорија од Дрикус ду Плесис (22-2), но веднаш по борбата изјави дека нема намера да се повлече од ММА натпреварите.

„Имам 35 години и ги правам вистинските работи. Знам дека копилињата сакаат да ме видат како губам, да ме видат надолу, но јас не си одам“!, категорично му порача „Изи“ на Даниел Кормиер.

Овој меч беше 12-ти по ред за шампионска титула во организацијата, но се покажа како трет пораз во последните четири средби. Сепак, тој беше очигледно во добра форма, одморот по поразот од Шон Стрикленд (29-6) добро му се одразила, а само доминантните БЏЏ квалитети на Ду Плесис го одвојуваа да стане од трикратен шампион во дивизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON