Адесања не знае дали Џон Џонс ќе се бори во тешка категорија: Се здебели без причина

Првакот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања, исто така во март се обиде да ја освои титулата во полутешка категорија, но ја загуби борбата за титулата од Јан Блахович.

Три месеци подоцна на средбата против Марвин Ветори по трет пат го одбрани шампионскиот појас во својата категорија.

Познато е дека Адесања и Џон Џонс додека владееше во полутешка категорија  честопати се прозиваа и многумина сакаа да го гледаат нивниот судир. Но, тоа не се случи.

„Влегов во повисоката категорија по само три години од доаѓањето во УФЦ. Луѓето ме почитуваат поради тоа, дури и шампионот ми покажа почит. Не мислам дека секој може да го направи тоа“, рече Израел Адесања и додаде:

„Џонс никогаш нема да го видиме во тешка категорија. Па, тој зборува за тоа од 2013 година, без разлика дали ќе го направите тоа или не. Тој се здебели без причина“.

Израел не ја исклучува можноста еден ден во октагонот да се сретне со „Боунс“.

„Може да дојде до таа борба, но треба да знаете кога да ги наредите картите. Таа приказна се уште не е завршена. Да почекаме за неговото деби во тешка категорија и како ќе помине со борците од таа дивизија. Мислам дека може да го стори тоа, но не знам дали и го знае тоа“, заклучи Израел Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON