Адесања ја одбрани титулата во досадна борба против Витакер

Израел Адесања го одбрани појасот во УФЦ во средна категорија, откако го совлада Роберт Витакер на УФЦ 271 со едногласна одлука на судиите (48-47, 48-47, 49-46).

Адесања до четвртата одбрана на титулата стигна по досадна борба која не понуди врвна акција и во која ја контролираше средината на рингот, иако неколку пати Витакер се обиде да го турне, меѓутоа не успеа во неговата намера.

Навивачите останаа разочарани затоа што очекуваа повеќе акција и атрактивни потези, но овој пат ги немаше, а судиите пресудија во корист на актулениот шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON