Познатиот боксерски тренер Теди Атлас го коментираше исходот од борбата за титулата на УФЦ меѓу Новозеланѓанецот Израел Адесања и Бразилецот Алекс Переира, што се одрша на 9 април во Мајами (САД). Потсетуваме, Адесања победи со нокаут во втората рунда и си го врати шампионскиот појас.
„Помислив: Боже, ова ме потсетува на нешто. Веќе го видов. Знаеш што? Борбата меѓу Џорџ Форман и Мухамед Али. Али исто така се потпираше на јажињата под ударите на чудовиштето, а Переира беше чудовиште. Израел беше под ударите на голем човек кој можеше да собори дрво.
Переира, како Форман, фрлаше удари, но во кафез. Кога Адесања беше на мрежата, си помислив: „Боже, тоа е сликата на Али! Пред него имаше чудовиште, но тој знаеше што да прави. Знаеше дека ќе дојде моментот“, рече Атлас на неговиот Јутјуб канал.