Адесања и Пориер нови привремени шампиони на УФЦ (ВИДЕО)

Израел Адесања и Дастин Пориер ги освоија титулите за привремени шампиони на УФЦ.

Во главната борба на УФЦ 236 во Атланта Пориер (25-5, 17-4 УФЦ) по втор пат го совлада актуелниот шампион во перолесна категорија Макс Холовеј (20-5, 16-5 УФЦ) и ја освои привремената титула во лесна категорија додека е Хабиб Нурмагомедов суспендиран. „Дијамантот“ славеше со едногласна одлука на судиите по пет рунди.

Непоразениот Адесања (16-0, 6-0 УФЦ) во шестиот меч во УФЦ ја освои привремената титула во средна категорија победувајќи го во возбудлива борба Келвин Гаштелум (16-4, 10-4 УФЦ) со едногласна одлука на судиите.

Откако беше поразен од Јан Блашовиц во повртаниот меч, Никита Крилов (24-6, 6-4 УФЦ) му се реваншира на Овинс Сент Про за поразот во 2014 година и да го победи Хаитецот со давење од позади во втората рунда.

УФЦ 236:

Дастин Пориер – Макс Холовеј (едногласна одлука на судиите, 49-46, 49-46, 49-46)

Израел Адесања – Келвин Гаштелум (едногласна одлука на судиите, 48-46, 48-46, 48-46)

Халил Раунтри – Ерик Андерс (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-26, 30-26)

Двајт Грант – Алан Јубен (поделена одлука на судиите, 29-28, 27-30, 29-28)

Никита Крилов – Овинс Сент Про (сабмишн, давење од позади, Р2)

Мет Фревола – Џалин Тарнер (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)

Александре Пантоја – Вилсон Реис (TKO, Р1)

Макс Грифин – Зелим Имадаев (мноизнска одлука на судиите, 29-27, 29-27, 28-28)

Халид Таха – Бостон Лосос (TKO, Р1)

Белал Мухамед – Кертис Милендер (едногласна одлука на судиите, 29-27, 29-27, 30-26)

Монтел Џексон – Андре Саутхет (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-27, 29-27)

 Полијана Ботело – Лорен Милер (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)

Брендон Дејвис – Ренди Коста (сабмишн, давење од позади, Р2)

https://www.youtube.com/watch?v=skO9eubovzo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON