Поранешниот светски шампион во лесно-тешка и полутешка категорија, Томаш Адамек (Полска), ја забележа својата 50-та победа на убедлив начин, со 30 нокаут. Тој се соочи со друг ветеран – поранешниот европски шампион Пржемислав Салех (Полска) на галавечерта во Лоѓ (Полска).
Адамек немаше никакви проблеми на средбата, откако неговиот ривал се откажа во петата рунда. Со успехот, поранешниот кандидат за светската круна кај тешкашите, ги демантираше гласините дека ќе се повлече од боксот.