На меѓународниот турнир во Буратија, Русија, во категоријата до 86 килограми настапи македонскиот репрезентативец Адам Модосјан кој го освои седмото место од 20 борачи.
Модосјан во осминафиналето го победи Монголскиот репрезентативец Дулгуун, а во четвртфиналето изгуби од Жанибек од Киргизија, кој, за жал не се пласира во финалето и не му во озможи шанса за репасаж за нашиот репрезентативец .
Ова е почеток за учество на серијата контролни меѓународни турнири, пред Светското првенство за У-23 во октомври во Нови Сад.
„Мислам дека има доволно време правилно да ја подигнеме формата на Адам и да совои одличје на Светското првенство за У-23“, изјави тренерот Љубиша Пешко.