Абугауш го изненади Денисенко во борбата за олимпиското злато

Ahmad abagus OI taekvondo prv

Ахмад Абугауш освои златен медал во категоријата до 68 килограми на олимпискиот турнир во таеквондо во Рио де Жанеиро.

Во мечот за титулата 20-годишниот претставник на Јордан, кој е десетти во ранглистата, изненадувачки победи со 10-6 против Алексеј Денисенко. Русинот се задоволи со бронзен медал во категоријата до 58 килограми на Олимпијадата во Лондон во 2012 година. Денисенко го освои второто место на Европското првенство во Баку пред две години.

На патот до финалето Ахмад Абугауш го елиминираше олимпискиот шампион од Лондон во категоријата до 58 килограми Хоел Гонзалес. Шпанецот и Ли Даехун ги освоија бронзените медали во категоријата до 68 килограми во Рио. Гонзалес го победи со 4-3 Едгар Контрерас (Венецуела), додека Даехун од Република Кореја беше подобар од Џавад Ахаб (Белгија) со 11-7.

– 68 кг – мажи

1.Ахмад Абугауш (Јордан)

2.Алексеј Денисенко (Русија)

3.Хоел Гонзалес (Шпанија)

3.Ли Даехун (Република Кореја)

Dejd dzons zlato OI taekvondo

Џад Џонс повторно стана олимписка шампионка во категоријата до 57 килограми.

Во финалето 23-годишната Британка ја победи со 16-7 Ева Гомез од Шпанија и ја одбрани титулата од Лондон 2012.

Џонс, годинава стана европска шампионка.

25-годишната Гомез го освои златниот медал на Европското првенство во 2014 година, а сега го освои својот прв медал на Олимпијадите.

Жад Џонс оправда прогнозите дека е фаворитки и демонстрира исклучително агресивен стил, како не остави никакви шанси за своите ривали на патот кон одбраната на титулата.

Бронзениот медали беа доделени на Кими Зенорин и Хедаја Ванба. Иранката Зенорин победи со 5-1 против Швеѓанката Никита Гласнович, додека Ванба од Египет со 1-0 славеше против Рахеле Асем (Белгија).

– 57 кг – жени

1.Џад Џонс (Велика Британија)

2.Ева Гомез (Шпанија)

3.Кими Зенорин (Иран)

3.Хедаја Ванба (Египет).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON