На официјланата Фејсбук страница на Абрурахим Идризи-балкански шампион е објавено дека од 1 јануари двократниот балкански шампион, Абдурахим Идризи, повеќе не е член на Карате клубот Форца од Скопје.
„Тргнувајќи од фактот дека Форца досега успесите ги има постигнато во помладите категории, а Идризи веќе е кадет, заклучивме дека е потребно да побараме поголем и поорганизиран клуб, со единствена цел – понатамошен развој на неговата кариера“, се вели во соопштението.
Инаку, Идризи е учесник на последното Светско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, каде што имаше една победа и беше прв учесник на клубот на еден голем настан. Тој е носител на 10 медали од државните првенства, 7 од балкански и 1од Светскиоит куп во Умаг, Хрватска.
Нема информации во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
Во овој преоден рок се очекуваат и други трансфери на кратистите о дмакедонските клубови.
Ipon.mk/В.Д.