Четири медали за Олимпија, златниот за Андреа Нисева на „Купот на Станка Златева“ во Бугарија

Андреа Нисева уште еднаш ги покажа своите кавлитети освојувајќи златен медал на „Купот на Станка Златева“ во Сливен Бугарија, а борачите на Олмпија освоија вкупно четири медали – 1 златен и 3 бронзени.

На турнирот учествуваа 126 борачи од 16 клуба од Бугарија и борачите на Олимпија од Штип.

Нисева извојува четири победи против секогаш силните и незгодни бугарски борачки (од кои две се репрезентативки на Бугарија). А колку ги воодушеви присутните, зборува и фотогрфаијата која сакаше да ја направи со неа премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Таа приикажа квалитетни борби кои покажуваат дека Андреа расте и се развива во вистинска шампионка, секако и со квалитетната работа на тимот на Олимпија“, велат од клубот.


Александар Миланов забележа три победи и еден пораз, при што прикажал многу добри борби и за влакно фалело да се бори во финалето. При водство од 9-4 дозволил да го изненадат и да ја загуби борбата за финале.


Давид Миленовски забележал две победи и два пораза, додека Кирил Сичков имал една победа и еден пораз, а еден меч добил без борба, односно противникот не излегол на мегдан.

„Севкупно многу добар настап на малата но голема екипа на Оолимпија, имајки предвид дека бугарските клубови работат во многу подобри услови и имаат многу повеќе настапи во текот на годината. Така, нашиот успех добива на тежина и ни дава стумул за поквалитетна работа и секако стимул и за нашите млади надежни борачи за наредните настапи и турнири надвор од нашата држава каде што ќе можеме да напредуваме и бидеме во чекор со балканското и европското борење. Честитки до нашиот тим на тренери, двоецот Николов-Нисев, и секако и на спортскиот директор Сичков кој заедно со мене, полека но сигурно, го добиваме епитетот на успешно организирана спортска екипа на Балканот, препознатлива по професионалниот однос кон борењето и секако достојно презентирање на Штип и Македонија“, истакнува Марјан Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО