Меѓународна сценаММА

Шавкат Рахмонов е се поблиску до враќање во УФЦ

Непоразениот Шавкат Рахмонов во полусредна категорија на УФЦ би можел да се врати во октагонот на почетокот на 2027 година, изјави неговиот лекар Михаил Маркварт, додавајќи дека казахстанската ѕвезда сега е целосно закрепната од медицинска гледна точка.

Според Маркварт, повеќе нема никакви здравствени проблеми што го спречуваат Рахмонов да се врати и сè зависи од неговиот тренинг и распоредот на УФЦ.

„Што се однесува до неговиот распоред за враќање, повеќе нема никакви медицински причини зошто Шавкат не треба да ја продолжи својата професионална кариера. Отсега па натаму, сè зависи од неговите тренери – колку брзо ќе се врати во форма, како и од распоредот на УФЦ“.

Докторот верува дека навивачите нема да мора да чекаат долго за повторно да го видат во кафезот непоразениот Казахстанец.

„Сè е индивидуално, но мислам дека можеме да очекуваме Шавкат да се врати во октагонот на почетокот на следната година“.

Последната борба на Рахмонов беше на УФЦ 310, кога победи со едногласна одлука над Иан Мачадо Гари. Тоа беше првата победа со одлука во неговата професионална кариера, а претходните победи ги имаше целосно со нокаут или со за завфршница.

Со скор од 20 победи без пораз, Шавкат Рахмонов останува еден од најопасните претенденти во велтер категорија и едно од најочекуваните враќања во УФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON