Фјури: Жал ми е за Џошуа, го уништија

Поранешниот лидер во тешка категорија Тајсон Фјури (34-1-1, 24 КО) во интервју за Скај спорт бокс зборуваше за тешкиот пораз на неговиот сонародник Ентони Џошуа (28-4, 25 КО) во борбата со шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа (22-2, 21 КО).

Британските фанови на боксот „умираат“ да го видат мечот Фјури-Џошуа, но загрижени се дека оваа борба веќе не е толку актуелна по поразот на Еј Џеј, кој беше брутално претепан од Динамитот.

Фјури не го крие и фактот дека е многу разочаран од она што го виде во настапот на Џошуа: „Ми беше жал за него. Беше уништен во 5 рунди. А сега треба да донесе тешка одлука – дали да се реваншира или не. Неговата иднина е во прашање. Искрено, се чувствувам празно секој пат кога Џошуа ќе загуби. Кога вашиот противник губи, но не и од вас, можете дури и да паднете во депресија. Бев тажен што сето тоа се случи на овој начин. Беше тажно да се види како вашиот противник ја губи круната“.

Но, во исто време, Фјури во никој случај не одбива борба со Џошуа: „И претходно кажав дека и ако Џошуа има 10 или 20 порази, сепак ќе го сретнам во рингот. Во овој момент од вашата кариера, не е важно колку порази имате. Во оваа фаза, важно е само едно – да се добие кул борба. А сигурен сум дека нашата пресметка ќе биде кул и интересна за љубителите на боксот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО