Дана Вајт потврди дека Мераб Двалишвили ќе се бори со Умар Нурмагомедов.
Неодамна беше објавено дека Омар ќе се бори со Сонг Јадонг во декември. За жал, Јадонг е повреден и се откажува од овие планови. Така Нурмагомедов остана без противник, но тој и Јадонг се договорија за борба на почетокот на 2025 година. Овие нивни планови очигледно не ја вклучија согласноста на Дана Вајт, која изјави дека не знае ништо за таква борба.
Дана беше дециден пред медиумите дека Мераб ќе ја брани титулата во бантам категорија против Нурмагомедов. Шон О’Мели сака реванш со Двалишвили, но Вајт нема интерес за тоа. Меѓутоа, има еден проблем што лежи во фактот дека Омар сака да се бори пред март 2025 година за да може да пости во месецот на Рамазан.
Двалишвили, пак, сака да се бори по февруари 2025 година. Омар гледа во овој притисок од Грузиецот за да можат да се борат во светиот месец за муслиманите. Останува да видиме дали двајцата ќе дојдат до некаков договор, но Вајт ќе ги турка бидејќи тоа го сака организацијата.
🚨| Dana White says Merab Dvalishvili vs. Umar Nurmagomedov is “absolutely” the fight they want next for the bantamweight title. 🏆#UFC308 pic.twitter.com/s6tSOQLB2z
— MMA Orbit (@mma_orbit) October 26, 2024