Дана Вајт: Ќе морам да му дадам шанса на Магомед Анкалаев за титулата

Дана Вајт потврди дека Магомед Анкалаев ќе се бори за титулата во полутешка категорија.

Минатиот викенд Анкалаев го победи Александар Ракиќ на УФЦ 308 што се одржа во Абу Даби. Магомед не го искористи борењето, но сепак победи со одлука на судиите. Не се претстави атрактивно, за што го обвини Ракиќ, бидејќи во текот на целата борба бегаше од него. Победата беше 11-та по ред за Дагестанецот, кој уште повеќе се зацементира како неприкосновен предизвикувач.

Пред борбата на Анкалаев со Ракиќ, Алекс Переира изјави дека не гледа како Магомед ќе победи. Дагестанскиот предизвикувач го демантираше Переира и сега Вајт е принуден да му даде шанса.

„Дали Магомед Анкалаев ќе добие шанса за титулата? Ќе морам да кажам да“, изјави Вајт за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО