Нокаут на Могамедов вреден 50.000 долари

Илија Топурија и Хамзат Чимаев беа ѕвездите на вечерта синоќа во Абу Даби на УФЦ 308, но потегот на настанот го направи рускиот борец Шарапутдин Магомедов кој на спектакуларен начин го нокаутира Армен Петросјан.

Во првата борба од главниот дел од настанот во средна категорија се сретнаа Магомедов и Петросјан, а популарниот Шара Булет славеше во втората рунда кога на спектакуларен начин го нокаутира Ерменецот со два удари од вртење.

Магомедов е слеп на десното око од 2016 година, па неговиот рекорд од 15 победи од исто толку борби во кариерата е уште поимпресивен, а благодарение на синоќешниот нокаут заработи бонус од 50.000 долари.

Заедно со него бонуси од 50.000 долари заработија и Чимаев за победата над Роберт Витакер и Топурија кој го нокаутира Макс Холовеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО