Мајк Тајсон го претепа спаринг партнерот, кој за малку ќе испаднеше од рингот (ВИДЕО)

Боксерската легенда Мајк Тајсон се враќа во рингот следниот месец. Тоа ќе биде прва професионална борба за поранешниот светски шампион по речиси 20 години.

Педесет и осумгодишниот Ајрон Мајк ќе се бори на 15 ноември на настан на стадионот AT&T во Арлингтон против јутјуберот Џејк Пол, кој е 30 години помлад.

Борбата ќе се води како професионален меч, а договорени се осум рунди од по две минути. Последен пат Мајк беше во рингот во 2020 година на егзибициски меч против Рој Џонс Јуниор.

А бидејќи до судирот има само дваесетина дена, подготовките се на врвот. Легендарниот Тајсон од време на време објавува видео од својот тренинг, па во своето најново видео објави дел од спаринг.

Мајк го претепа спаринг партнерот кој за малку ќе испаднеше од рингот, а како тоа изгледаше погледнете во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО