Наум Стојаноски со TKO во третата рунда славеше против Аломонасид на СП

Наум Стојаноски со прекин во третата рунда славеше против Мартин Амонасид од Чиле на Светското првенство за младинци во Будва, Црна Гора. 

Стојаноски тактички добро боксираше, напаѓаше со лев директ а потоа додаваше крошеа. Во првата рунда му броеја на нашиот репрезентативец и губеше на картичките кај судиите. Во втората рунда Наум ги послуша советите од аголот и бокисраше сигурно. Во третата тргна жестотоко, па на Мартин му броеја трипати и на 43 секунди до крајот судијата ја прекина борбата.

Ова е втора победа на македонските боксери на СП отккао вчера Рустемовски славеше против Мутала Цимбобо од ДР Конго, кој не се појави во рингот.

Меридиан Алими храбро се бореше со Ион Пени од Моладавија, но противникот беше повешт. Во првата рунда два пати му броеја, и во втората по еден силен удар следуваше броење, но и знак од нашиот боксер дека не може да ја продолжи борбата.

Утре тројца наши боксери излегуваат на рингот на СП, тоа се: Бајрам Мамутовски, Луан Сулјемнаи и Лука Трифуновиќ.

На СП учествувуваат на 73 земји, 592 боксери и боксерки (413 мажи, 180 жеми) и ќе трае до 4 ноември.

Светско првенство за млади:

51 кг Бајарам Мамутовски – Мехди Каземи (Иран) 25 октомври
54 кг Меридиан Алими – Ион Пени (Моладавија) 0-5 ТКО Р2
57 кг
Ардијан Рустемовски – Мутала Цимбобо (ДР Конго) 5-0 б.б.
Ардијан Рустемовски – Ибрагимов (Русија)
63,5 кг Луан Сулејмани – Абдалах Рахал (Израел) 25 октомври
67 кг Лука Трифуновиќ – Данил Гуранда (Молдавија) 25 октомври
71 кг Наум Стојановски – Мартин Аломонасид (Чиле) 5-0 ТКО Р3
80 кг Баки Ајети – Ј. Карбонел Бандомо (Шпанија)
86 кг Лиси Коџаџику – С. Румијанцау (Бугарија)/ Б.Аијтмуханов (Казахстан)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО