ВАКО направи важен чекор за кикбоксот кон Олимписките игри

Претседателот на ВАКО – Рој Бејкер, беше примен за член на Комисијата СпортАккорд. Тоа е претставништво на Асоцијацијата на признати меѓународни спортски федерации (АРИСФ) и сите спортски федерации признати од Меѓународниот олимписки комитет. Овој чекор уште повеќе го доближува кикбоксот до Олимпијадата.

На овој начин беше најавено создавањето на новиот комитет кој ќе има за цел да ја утврди подготвеноста на кикбоксот за членство во најголемата спортска организација во светот.

„Чест и привилегија е да се биде меѓу членовите на АРИСФ во овој комитет. Би сакал да изразам благодарност до Советот на АРИСФ и неговиот претседател – Рафаеле Чиули што ми ја доверија оваа одговорност во име на признатите спортови. Ова е огромна одговорност што не ја преземам лесно. Влезот во СпортАкорд и АИМС е клучна цел за сите светски федерации. Овој развој означува важен чекор напред за меѓународните спортски организации, засилувајќи ја нашата посветеност за вклучување и признавање на светската сцена. Ви благодариме на сите кои го поддржуваа и продолжуваат да го поддржуваат спортот кик бокс и неговиот раст со семејството на признати спортови на МОК“, рече Бејкер за неговото назначување.

ВАКО се обидува од 2021 година да влезе во олимпискиот календар. Во моментов, раководното тело има статус на привремен член, но се чини дека МОК е се поблиску до прием на овој спорт на најголемиот форум – Олимписките игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО